
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, кој исто така присустуваше на комеморацијата му се заблагодари на Вучиќ поради тоа што покажал храброст да дојде во Поточари и додаде дека очекува оти тоа ќе го стори и српскиот претседател Томислав Николиќ.
– Како пријател сакам да му се заблагодарам на премиерот на Србија, кој покажа храборст да биде тука. Важно е тоа да го препознаеме, рече Клинтон, говорејќи на комеморацијата.
Повикувајќи ги лидерите присутни во Меморијалниот центар да работат заедно, Клинтон истакна дека сака во Сребреница да го види и Николиќ, што според него би значело нов почекот.
Тој истакна дека е благодарен дека и по 20 години Босна и Херцеговина е мирна земја.
– Таа е блиску до членството во ЕУ, учесник во мировни мисии. Јас сум благодарен за сето тоа. Но војната која тука ја водев како претседател тогаш и подоцна на Косово беа едни од најважните работи што ги направив, нагласи Клинтон, изразувајќи жалење поради тоа што било потребно толку долго време за да се постигне единство.
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во обраќањето на комеморацијата изјави дека цврсто верува во помирувањето и нов почеток засновани на вистината, прифаќање на одговорноста и сочувство за страдањата и болката на соседите и сограѓаните.
– Од ова мрачно место за 20. век, каде човештвото ја научи една од своите најболни лекции во име на Хрватска и во свое име, на народите и на сите граѓани на БиХ им посакувам светла иднина, мир, соживот и просперитет. Хрватска е со вас, рече таа.
Заменик-генералниот секретар на Обединетите нации Јан Елијасон им го пренесе денеска сочувството и солидарноста на првиот човек на ОН Бан Ки-мун за сите жртви, кои како што рече, Светската организација и меѓународната заедница не успеале да ги заштитат.
Обраќајќи се на комеморацијата тој посочи дека ОН се повторно обврзани целата вистина за тоа што се случило во тој град во 1995 година да биде откриена.
Но Вучиќ денеска беше нападнат на комеморацијата за одбележување на 20 години од трагедијата во Сребреница, пишува весникот „Блиц“. На влезот на гробиштата, каде се погребани посмртните останки на жртвите, разлутена група граѓани ја проби заштитната ограда и се упатија кон Вучиќ и неговата делегација, фрлајќи кон нив со камења, шишиња и чевли.
Вучиќ и лицата, кои го придружуваа се евакуирани и се на пат кон Белград, додава весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


