| четврток, 6 декември 2018 |

Џерард разочаран од односот на Стерлинг кон Ливерпул

0000A-Gerard-razocaran-od-Rahim
Поранешниот капитен на Ливерпул Стивен Џерард, за англиските медиуми изјави дека е разочаран од однесувањето на младиот Рахим Стерлинг, кој поради несогласување со Брендан Рoџерс, одбил да тренира, но и да замине со остатокот од екипата на предсезонски подготовки.

Џерард кој што ова лето замина од „Енфилд“ и направи трансфер во ЛА Галакси, е исклучително незадоволен од непрофесионалниот однос на играчот кој што во Ливерпул се промовираше како млад талент.

„Моментално можеби негово заминување е реална опција. Од мојата перспектива се делува како едно големо разочарување. Навивачите уште од почетокот му даваа голема подршка, сите сакаат тој да остане, истото го мислам и јас, но ситуацијата не оди во добар правец. Не е во ред да се повикувате на болест или некоја настинка, со цел да не одите на турнејата со клубот, затоа што милиони навивачи сакаат да ве видат во црвениот дрес“, смета Стиви Џерард.

Рахим Стерлинг пред извесен период, јавно и два пати одби нов договор од Ливерпул, иако договорот кој му бил понуден, бил повеќе од два пати подобар за разлика од претходниот. На таа понуда, уследи реакција од агентот на Стерлинг, кој што рече, не 100 000 фунти неделно, туку дека 900 000 фунти неделно не го задржуваат Стерлинг во Ливерпул повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top