| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемена фреквенција на возила на Табановце и Богородица

bogorodica
На граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила, но засега нема подолги чекања, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Оттаму информираат дека и интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен.

Поради работа на пат денеска во траење од 15 до 20 минути во периодот од 16 до 17 часот во прекин ќе биде сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид кај местото Извор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top