| четврток, 6 декември 2018 |

Напнато во центарот на Белград: НВО палат свеќи за 7000 жртви, Шешељ им салутира на Младиќ и на Караџиќ

11055374_10152902030412212_5410981612125998831_n

По одлуката на српското МВР да си забрани сите собири закажани за сабота по повод одбележување на годишнината од Сребреница, поддржувачите на акцијата #sedamhiljada се собраа вчера вечер пред Претседателството на Србија за да им оддадат почит на жртвите, јавува српски Курир.

11707642_10152902029962212_8326436398487389955_n

Активисти од невладините организации и граѓани денеска палеа свеќи во Пионерскиот парк во Белград за да им оддадат почит на жртвите на злосторствата во Сребреница направени пред 20 години. Собирот го обезбедуваа силни полициски сили, бидејќи од другата страна на паркот се појавија симпатизери на десничарските организации. Во делот на паркот кон улицата „Крал Милан” активистите на НВО покрај запалените свеќи симболично оставаа и ливчиња со броеви.

11745942_10152902030107212_5884787759876844097_n

Исто така симболично, собирот почна во 23.07 часот. Во делот на паркот пред Градското собрание следбениците на десничарските организации пееја четнички песни, им скандираа на хашките обвинети Ратко Младиќ и Радован Караџиќ и носеа транспарент на кој пишува „Србите се жртви на геноцид”. Меѓу нив, секако, беше и лидерот на радикалите Воислав Шешељ.

 

Како што пренесуваат српските локални медиуми, полицијата привела неколку радикали, бидејќи ги навредувале и се обиделе да ги нападнат насобраните кои палеле свеќи.

11703317_10152902030212212_3346861900696411006_n 11703201_10152902030392212_467590560807551889_n
Меѓу двете големи групи имаше голем кордон полиција, а неколкуте лица во црни маици кои се обиделе да им пријдат на граѓаните кои палат свеќи, веднаш биле оддалечени од местото. Палењето свеќи во Пионерскиот парк во Белград го организираа група НВО кои за сабота планираа на платото пред Градското собрание да го организираат собирот #7000, на годишнината од сребреничкото злосторство. Бидејќи десничарските организации во исто време закажаа свои собири на истото место, МВР ги забрани сите закажани настани.

.11222076_10152902029992212_6331078920425691060_n

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top