Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во посета на Босна и Херцеговина, каде ќе присуствува на комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница.
Според програмата, како што најавија од Кабинетот на Иванов, македонскиот претседател ќе присуствува на главната комеморација во меморијалниот центар во Поточари, каде што ќе се обратат претседателот на организацискиот одбор „11 Јули 1995“ и градоначалник на Сребреница Ќамил Дураковиќ, како и други официјални претставници. Ќе биде претставенa и изложбата „Сребреница – Поточари 1995 – 2015“.
На комеморацијата во Сребреница, најавено е присуство на голем број делегации и политички претставници од регионот и од светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


