Министерот за надворешни работи Никола Попоски, в понеделник ќе се сретне со Викторија Нуланд, Помошник Државен секретар на САД, задолжена за европски и евроазиски прашања, соопшти Министерството за надворешни работи.
Во соопштението меѓу другото се наведува дека се предвидува во текот на средбата да се разговара за досегашниот успешен развој на односите меѓу двете пријателски држави втемелено во Декларацијата за страсегиско партнерство и соработка, како и за взаемно истакнатиот интерес на нивно натамошно унаоредување во сите области од заедничкиот интерес.
Исовремено се очекува да се потврди стратегиската определеност на нашата држава за членство во НАТО и ЕУ, а воедно ќе се пренесе и благодарноста за американската поддршка за македонскиот интегративен процес, како и за препознавањето на исполнувањето на стандардите за членство во НАТО на Република Македонија, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.