Руската полиција истражува фризерски салони откако е утврдено дека во некои од нив фризерките сосема голи ги стрижеле муштериите. Специјалната услуга, која чинела околу 60 евра, односно двојно од нормалната цена на стрижењето, е откриена случајно во еден московски салот откако алкохолизиран муштерија упаднал во центар за деца со аутизам кој се наоѓал во соседството.
-Не смеевме повеќе да ги пуштаме децата слободно да си играат на игралиштето бидејќи имаше премногу пијани луѓе кои сакаа да влезат во објектот, рекла Људмила Михаилова, раководител на центарот.,
Редиците и гужвите кои се создавале пред салонот била една од причините поради кои биле повикани полицајци. Еден полицаец на тајна задача, носејќи скриена камера, го посетил салонот за да собере докази. Ја земал дополнителната опција за којашто платил околу 110 евра, кога клиентот при стрижењето може исто така да биде гол.
-Кога ќе влезете внатре ќе ве дочека девојка којашто ќе ви понуди филџан кафе и флертува со вас. Тогаш светлата ќе се придушат … Работат сé, од педикир, маникир па до стрижење. Колку подолго седите на столицата, цената е повисока, рекол Сергеј Воронов кој ги користел фризерските услуги на салонот.
Полицијата само соопштила дека ја продолжува истрагат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.