Циметот е зачин со лековити својства кои им биле познати на луѓето од многу одамна. Најчесто се купува во прав и како таков не е најпогоден за јадење, туку треба да се помеша во некој пијалак или храна. Една од можностите е токму мешавината со јогурт.
Истражувањата покажаа дека по половина лажичка цимет на ден, може да го намали нивото на шеќер во крвта, особено ако станува збор за дијабетес тип 2. Некои од тие истражувања го потврдија и дејството на циметот врз холестеролот и триглицеридите.
Диетата со цимет и со јогурт трае 10 дена.
Секое утро за појадок се пие 200 мл јогурт со половина лажичка цимет. Во јогуртот може да се додаде и еден грст житарици или овошје.
Ручекот е вообичаен, да не се претерува.
За вечера повторно се пие 200 мл јогурт и половина лажичка цимет, но овој пат без додатоци.
Во текот на диетата треба да пиете многу вода и да бидете физички активни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.