Летонскиот преставник Јелгава е следниот ривал на Работнички во втората квалификациска рунда за пласман во фазата по групи во Лигата на Европа.
Интересно е што екипата од истоимениот град Јелгава игра на мултифункционалниот комплекс наречен „Олимписки спортски центар Земгале“, а капацитетот на трибините на фудбалскиот терен е околу 2 илјади гледачи.
Тоа е веројатно најмалиот стадион на кој се играат квалификациски мечеви во новото издание на европските купови.
Јелгава направи големо изненадување со елиминацијата на бугарски Литекс, и тоа благодарение на правилото за гол повеќе постигнат на гостински терен. На првиот меч во Летонија беше 1-1, а вчера во реваншот мечот заврши 2-2, што значеше пласман на Јелгава во второто квалификациско коло и двомеч со македонскиот претсавник Работнички.
„Романтичарите“ по вторпат за краток период ќе гостуваат на Балтикот, а првиот меч е во Скопје на 16 јули. Реваншот е во Јелгава една седмица подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.