| четврток, 6 декември 2018 |

Се смирија Рамос и Перез (фото)

ramos

Серхио Рамос ќе остане во Реал Мадрид и веројатно ќе ја добие капитенската лента, објавија шпанските медиуми. Сагата со трансферот на стоперот на шпанската репрезентација, веројатно, ќе заврши со останување во „кралскиот клуб“ за што сведочи и фотографијата на која Рамос и претседателот на Реал, Флорентино Перез, се во срдечна прегратка.

Се шпекулираше дека тие двајца не се трпат и дека Рамос сигурно ќе си замине, а главен кандидат за ангажман на одбранбениот играч на Реал Мадрид беше Манчестер јунајтед.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top