За тие што водат евиденција за тоа кој сѐ ги избришал од пријатели на „Фејсбук“, социјалната мрежа воведе нова апликација наречена „Who Deleted me on Facebook“ (Кој ме избриша на Фејсбук).
Покрај на компјутери, оваа апликација може да се инсталира и на „ајфон“ и на паметните телефони со андроид, а може да се вметне и на пребарувачот „Хром“.
Единствен „недостаток“ на апликацијата е што таа ќе води евиденција за сите бришења од пријателство од моментот на инсталирање, а не и за оние кои ве избришале од пријатели во минатото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.