| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ: 20 јули е краен рок за постигнување договор за емигрантите

имигранти

Земјите-членки на Европската унија синоќа не успеаја да постигнат договор за надминување на кризата со илегалните мигранти, по што Брисел го определи 20 јули како краен рок за наоѓање начини за прераспоредување на азилантите, кои во моментов се наоѓаат во Италија и во Грција.

– Постигнавме напредок, не сѐ уште немаме договор – изјави еврокомесарот за имиграција Димитрис Аврамопулос по синоќешната средба на министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ во Луксембург.

Во обид за постигнување договор, Франција и Германија вчера соопштија дека решиле да прифатат една третина од 60-те илјади емигранти, кои во следните две години треба да бидат прераспоредени во сите земји-членки на ЕУ, додека Полска најави дека ќе згрижи 200 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top