Истражувањето спроведено на универзитетот Масачусетс покажало дека дури 60 проценти од луѓето лажат во десетминутна конверзација која се води на дневна база. За среќа, знаците на лажење тешко се кријат, па ако внимателно обрнете внимание лесно ќе ја детектирате личноста на која не може да и верувате.
1. Менување положба на главата
Ако личноста веднаш по поставеното прашње ја промени положбата на главата, на пример се заврти на спротивната страна или ја спушти главата долу, постои голема веројатност да ве лаже.
2. Отежнато и „гласно“ дишење
Лажењето предизвикува цела низа телесни реакции кои се манифестираат на бројни начини: отежнато дишење, подигнување на раменат и гласот станува поплиток. Срцето забрзано чука и дланките се потат.
3. Стојат мирно
Иако многу мислат дека луѓето при лажењето се нервозни и имаат неконтролирани движења, вистината е дека треба да се внимава на лажговци кои непомерно стојат. За време на искрен разговор, нормално е личноста малку да гестикулира и да се врти. Така, ако разговарате со личност која цело време непомерно стои, тоа би можело да биде знак на исклучителна самоконтрола за време на лажење.
4. Повторува одредени зборови и фрази
Тоа се случува затоа што се обидува вас и себе да ве увери во одредени раобти. Повторувањето на одредени фрази „купуваат“ време за да ги среди своите мисли и уште повеќе да ја артикулира лагата во која сака да ве убеди.
5. ја допираат, прикриваат устата
Кога личноста не сака да зборува за некои прашања или нешто не сака да коментира – автоматска реакција ќе биде прикривање на устата со рака. Со тој гест буквално ја завршуваат комуникацијата за одредени теми или прашања.
6. Несвесно допирање на ранливи делови на телото
Проучувањата на експертите покажале дека сведоците на суд додека лажат во своите искази најчесто автоматски и несвесно се допираат за грлото, за врат, за градите, главата и стомакот.
7. Премногу објаснуваат и често навлегуваат во непотребни детали
Кога личност ви оддава навидум премногу детали тоа може да биде очигледен показател за лажење. Објаснувањето кое се крие позади тоа е многу едноставно – верува дека со толку информации и детали ќе ве увери во вистинитоста на својата приказна.
8. Отежнато зборување
Со оглед дека лажењето предизвикува низа телесни реакции, тоа претставува одреден стрес за организмот поради кое се намалува лачење на плунка и предизвикува сушење на устата поради што многу често личноста отежнато зборува или е многу жедна, ја гризе усната и слично.
9. Често го посочуваат прстот кон друг
Кога ќе ги фатите во лага, лажговците често се обидуваат работите да ги свртат во своја користи и се обидуваат да обвинат некој друг.
10. Ќе ве излажат без да трепнат
Иако многу лажговци додека лажат често автоматски ја вртат главата, оние поманипулативните и поискусните го прават сосема спротивното и лажат гледајќи ве во очи без да трепнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.