| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Попоски на форум во Дубровник

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, денеска ќе учествува на годинашниот, десетти по ред „Кроација форум 2015“, во Дубровник, Хрватска.
Nikola-Poposki-int145-1

 

Тридневниот форум е на тема „Новата политика на развојот – кон партнерство и заедничка визија”, а министерот Попоски ќе учествува на панелот посветен на „Надворешна, безбедносна и развојна политика: меѓусебната поврзаност и меѓусебната зависност“.
На маргините на форумот се очекува шефот на македонската дипломатија да оствари билатерални средби со своите колеги од земјите од регионот.
Предвидено е форумот да биде своевидна подготовка на претстојната Меѓународна конференција за финансирање на развојот, што ќе се одржи во Адис Абеба, во рамките на развојните планови на Обединетите нации за периодот по 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top