Работнички повторно успеа да мине квалификациско коло во европските натпреварувања и го потврди епитетот најдобра македонска екипа во новиот милениум во клупските натпреварувања на стариот континент. Со победа од 2-0 во реваншот вечерва популарните „романтичари“ ја елиминираа Флора од Талин и повторно ќе играат со екипа од Балтикот, против Јелгава од Летонија.
Работнички тргна во реваншот со негатива од 0-1 од првиот меч во Талин, а со трпелива игра успеаја да стасаат до поволен резултат.
Со блиц-криг за само 360 секунди Чуму Анене и Марјан Алтипармаковски со по еден гол го доведоа Работнички до второто квалификациско коло во Европа Лигата на УЕФА.
Натпреварите со Јелгава ќе се играат на 16. и 23. јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



