| четврток, 6 декември 2018 |

Мег Рајан не личи на себе (ФОТО)

1436380544_meg-ryan-467

Откако подолго време не се појавуваше на јавни настани, американската актерка Мег Рајан синоќа беше забележана на Модната недела во Париз.

1436386407_1st

Нејзините фотографии снимени на ревијата на Жорж Шакр, предизвикаа голем број коментраи, но и критики на дел од обожавателите.

1436386480_3rd

Педесет и тригодишната Мег доби многу пофалби за витката линија која ја истакна нејзиниот црн  фустан со тантела, но и критики, бидејќи поради големиот број пластични операции на лицето, актерката, според многумина, изгледа „непрепознатливо“.

meg-ryan-chakra-inline

Познато е дека Рајан сака естетски зафати, а првпат јавноста остана шокирана од нејзиното „замрзнато лице“ кога кралицата на романтичките комедии се појави на филмскиот фестивал Таормина во Италија пред две години, каде ја прими наградата за животно дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top