| четврток, 6 декември 2018 |

Милан на чекор од доведување уште едно големо засилување

Играчот од средниот ред на Зенит и на белгиската фудбалска репрезентација, Аксел Витсел се согласил со управата на Милан и се очекува по договорот меѓу двата тима тој да дојде во Милано.
Менаџерот на Витсел, Рикардо Наполитано, тврди дека Белгиецот видно расположен го завршил состанок со челниците на поранешниот европски шампион иако Милан следната сезона нема да игра во еврокуповите. Витсел на почетокот на преговорите уште пред неколку недели не бил доволно убеден во новиот проект на Милан, но откако за „росонерите“ потпишаа неколку врвни фудбалери, и тој се согласи на договор.

Сега останува да се договорат двата клуба. Милан нуди „само“ 20 милиони евра, а Зенит не сака да преговара под 35. Сепак, според менаџерот Наполитано, двата клуба се очекува да го официјализираат договорот за сума од 30 милиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top