На околу 30 илјади семејства во Македонија денеска им е исплатена социјална помош зголемена за 10 проценти.
– Веќе од денеска на своите сметки примателите на социјалната паришна помош, околу 30 илјади семејства, имаат добиено повисока социјална парична помош. Ова е значително зголемување на социјалната помош за 10 проценти и уште едно исполнување на ветување и проект од Програмата на Владата – изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата на Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.
Додаде дека и покрај тоа што во Програмата било зацртано годинава зголемување на социјалната парична помош за пет проценти, во меѓувреме, Владата пронашла сили и средства да ја зголеми социјалната помош за 10 проценти, за што биле направени и потребните измени на Законот за социјална заштита.
За реализација на ова зголемување за 10 проценти, појасни Спасов, на ниво на една година ќе бидат обезбедени дополнителни 105 милиони денари односно 1,7 милиони евра.
Министерот истакна дека Владата и натаму ќе продолжи со грижата на социјално ранливите категории на граѓани со низа мерки и проекти.
Социјалната парична помош изминатите неколку години е зголемена за 61,8 проценти.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска го посети Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“. Во оваа институција во изминатата година се инвестирани околу 1,2 милиони денари во реновирање и создавање посебни стамбени единици во кои што ќе престојуваат децата, во реновирање на кујната и во правење на фитнес центар односно набавени се и справи за спортување на младинците од Домот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Цел месец им се заканувал на вработените дека ќе ги убие бидејќи му ја укинале социјалната помош
-
Поштар ограбил 58 корисници на социјална помош
-
МТСП: Корисниците да ја обноват документацијата за правата од социјалната заштита
-
Димовски: Ќе се залагаме за покачување на социјалната помош и помошта за лица со инвалидитет