| четврток, 6 декември 2018 |

„Рудиментал“ на 2 август во Охрид

rudimental_2398880b
Големиот празник Илинден годинава во Охрид ќе се празнува како никогаш досега. На сцена под отворено небо, на плажата Немо, простигнува светската атракција „Рудиментал“. Со журка којашто ќе трае повеќе од 6 часа, Охрид на 2 август сигурно нема да заспие.

Во рамките на „Оранџ фестивал“, освен „Рудиментал“ на 2 август, закажан е диџеј сет на Том Нови на 1 август. Цената за журката на 1 август е 250/300 денари. Додека, пак, за неповторливите „Рудиментал“ до 20 јули влезницата ќе ве чини само 500 денари.

Овој британски состав досега двапати го освои првото место на најпрестижната светска музичка листа, британската. Последниот пат во 2013 година, кога беа место број 1, зад себе оставија музичари од калибарот на Дафт Панк, Питбул, Пинк и секогаш популарниот Џастин Бибер.

„Waiting all night“ е хитот кој ја одбележи 2013 година. И не само таа, туку цело едно поглавје од музичката кариера на ненадминливиот состав „Рудиментал“.

Во Охрид доаѓаат првпат и возбудени се поради можноста да ја направат најголемата журка на отворено ова лето. Рајдер листата е полна со скромни и едноставни барања. Сѐ што сакаат е само одлична забава.

„Waiting all night“ сѐ уште е на врвот. По неа следуваат „Right here“, „Never let you go“, „Home“…и уште многу други хитови коишто ги лансираа „Рудиментал“ помеѓу најдобрите во светот, а на 2 август во Охрид ќе се слушаат под македонско небо.

Организаторот, „Прагма продукција“ најавија озвучување и осветлување со какво располагаат светските плажи и журки на отворено на Ибица.

Влезниците за „Рудиментал“ можете да ги најдете во продажната мрежа „Купи карти за сѐ“, плоштад Охрид, ЗЗ Топ и локалните кафулиња и плоштади низ земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top