| четврток, 6 декември 2018 |

Една од најотровните риби уловена во близина на Будва – туристите да внимаваат (ФОТО)

Возрасен примерок на една од најотровните риби во светот е уловен вчера во близина на Будва.

riba-budva-otrov-500x396

Од Институтот за биологија во морето потврдиле дека се работи за една од најопасните риби која е позната по присуството на отров во црниот дроб, а нејзината консумација може да има тешки последици за човекот.

Надлежните апелираат туристите кои рекреативно ловат риби на брегот, да внимаваат и да се консултираат по секој улов. Поради глобалното затоплување и високата температура создадени се услови за живеење на овој вид риба во Јадранско Море. Дополнително е утврдено дека дел од овие риби имале репродуктивна активност, па во иднина се очекува нов улов на овој вид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top