| четврток, 6 декември 2018 |

Спречен обид за џихадистички напад во Малезија

џи

Малезиската полиција денеска соопшти дека е спречен обид за џихадистички напад, чијашто цел биле странски претставништва и места за забава во Куала Лумпур.

Уапсени се двајца водачи на терористичка група, кои признале дека се бореле во редовите на групата Исламска држава (ИД), а лани во август се вратиле во Малезија за да организираат напади и да врбуваат борци за заминување во Ирак и Сирија.

Полицијата открила дека уапсените терористи добивале инструкции од висок функционер на ИД, од центар на џихадистите лоциран во Европа.

Нивниот план за напади бил идентичен со масовните масакри што се случија во Тунис, Кувајт и Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top