| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 1,2 милијарда евра се загубите на грчките трговци во последните десет дена

Supporters of NO vote in Referendum gather in Athens
Капиталните ограничувања ги погодуваат трговците во Грција. Нивните загуби за десет дена веќе се пресметуваат на 1,2 милијарда евра, а продажбите во трговската мрежа опаднале за 70 отсто, објавува весникот „Имерисија“.

Податоците, изнесени од грчкиот Институт за трговија и услуги, покажуваат дека последиците од наложувањето капитални ограничувања во земјата се катастрофални и оти прометот во трговијата е намален за 305 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top