| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Дарко Багески во Софија

Гитаристот Дарко Багески, солист и професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје ја продолжува концертната сезона со настап во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија.

darko-bageski

Багески годинава имаше значајни настапи во Бугарија – учество на 19. Интернационален фестивал и натпревар за класична гитара „Академик Марин Големинов“ во Ќустендил, како и заеднички солистички настап со бугарската гитаристка Стела Динкова и камерниот оркестар на операта од Благоевград, изведувајќи го популарното дело на Вивалди „Четири годишни времиња“. Со ова дело, Дарко Багески се претстави и во Благоевград.

Меѓународната концертна сезона Багески ја продолжи со солистички концерти на интернационални фестивали во Италија, Тајван, Црна Гора, Бугарија… Минатата година имаше серија успешни концерти во Софија, Пловдив, Варна и Ќустендил и има свои почитувачи и редовна публика во Бугарија.

Вечерашниот концерт е дел од јубилејната програма по повод 10 годишнината од основањето на Македонскиот културен центар во Софија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top