-Денешната прес конференција е доказ дека Зоран Заев бега од договорот од 2 Јуни кој самиот го потпиша, а чиј поддржувач беше Европската Унија. Договорот го потпиша Зоран Заев, но не беше прифатлив за Милчин, Фрчкоски, Ордановски и Геровски. Заев денес покажа дека повеќе ги слуша нив од тоа што се слуша самиот себе. Се докажа дека Зоран Заев и СДСМ преку создавање и долготрајно оддржување на политичката криза сакаат негативно да влијаат на растот на економијата и отворањето на нови работни места. На тој начин прават штета на секој еден граѓанин во Република Македонија- сметаат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



