| четврток, 6 декември 2018 |

Туск: Оваа недела е краен рок за договор за грчката криза

­ Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск пред Европскиот парламент денеска истакна дека оваа недела е краен рок за постигнување договор и за ставање крај на грчката криза, јави дописникот на МИА од Стразбур. ­

donald tusk

 

– Ние сме во трка со времето за да се врати довербата, додаде тој.

Туск притоа рече дека чека нови предлози од грчкиот премиер Алексис Ципрас, кои треба да бидат претставени во најкусо време. ­

– Нашата неможност да се постигне договор може да резултира со банкрот на Грција и тоа ќе биде многу болно за грчкиот народ. И тоа ќе има последици за Европа, рече претседателот на Советот на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top