| четврток, 6 декември 2018 |

„Фала Никола“ и од раководството на СДСМ

Zaev_Sekerinskaj

Последните неколку месеци на интернет може да се забележат слики на кои луѓе на најразличен начин му заблагодаруваат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за тоа какво влијание врз нивниот живот имала владеачката гарнитура под негово раководство.

Иако најчесто станува збор за слики на млади лица кои се сликаат на аеродроми и под мотото #ФалаНикола му се „заблагодаруваат“ на премиерот затоа што не успеал да ги задржи во Македонија, па морале летото да го поминат на печалба надвор од земјата, нашата редакција дозна дека во штабот на СДСМ на Бихаќка се подготвува голема контра-акција на трендот на сликање по аеродроми.

Неофицијално, лидерот на СДСМ планира да направи серија фотографии на својот имот вреден 758.000 евра според пријавата во анкетниот лист со паролата #ФалаНикола. Заев исто така планирал сликање пред фирмите на неговото богато семејство во кое имало 820 вработени, исто така со паролата #ФалаНикола.

Еден од најпознатите трговци со недвижнини во СДСМ, Радмила Шеќеринска исто така била подготвена да се вклучи во акцијата #ФалаНикола со серија на селфи фотографии во нејзините станови, а тоа ќе го сторела откако ќе добие дозвола за фотографирање од лицето на кое тие станови му ги изнајмила – односно нејзиниот сопруг Бобо Дајнерс.

После овие најави жителите на општина Струмица се во возбудливо исчекување дали повторно ќе го видат нивниот градоначалник Заев за кој се зборува дека една од фотографиите со порака #ЗдравоНикола ќе ја направи пред трговскиот центар „ГЛОБАЛ“.

„Досега во градот го гледавме барем кога доаѓаше да се јави еднаш неделно во судот во Струмица, но откако најави дека веќе нема да го прави тоа, загрижени сме кога повторно ќе го видиме. Затоа се надеваме дека ќе успееме да го видиме пред „ГЛОБАЛ“ во центарот на градот и преку улица да му аплаудираме за сета градоначалничка работа која успева да ја врши од седиштето на СДСМ во Скопје и од кампот пред Влада“, велат Струмичани.

 

 Кромиди Запад

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top