Полицијата го утврди идентитетот на жената која синоќа околу 8 часот беше прегазена на улицата „Васил Ѓоргов“ од автомобил „опел“ со скопски регистарски таблички. Според информациите станува збор за 50-годишната Сузана Т. П. Од Скопје, која по ударот почина на лице место.
Возачот, скопјанецот Б.Б. (37) и сопатничката од автомобилот Ј.П. (33) се пренесени во Ургентниот центар каде им е укажана лекарска помош, по што сопатничката е пуштена на домашно лекување, а возачот е задржан на Клиниката за неврохирургија.
Според првичните информации, возачот со десниот дел од автомобилот удрил во Сузана, по што удрил во метална ограда во скали и на крај завршил со автомобилот во излог од дуќан лоциран во блиската зграда.
Увид на лице место извршиле полициски екипи во присуство на јавен обвинител, по што телото на починатата Сузана е предадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


