Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на почнување на градежните работи, истакна дека се обезбедени средства за реконструкција и санација на 15 локални улици во оваа општина.
-Тоа е нашиот одговор на барањата на граѓаните. Ќе се реконструираат најоштетените улици во Ѓорче Петров. Летово ќе се работи турбо во оваа општина – истакна Груевски, кој додаде дека покрај реконструкцијата на овие улици, во моментот во општината Ѓорче Петров се гради новиот објект на полициската станица и противпожарната единица, како и спортското повеќенаменско игралиште во населбата Даме Груев.
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, истакна дека со овој проект ќе бидат асфалтирани над 3 километри улици.
– Со овој капитален проект, како и со други проекти за побогати општини, станавме репер за работење. Изминативе години реконструирани се над 30 улици во урбаниот дел на општината и десетина во руралниот дел – потенцираше Митровски.
Реконструкцијата на петнаесетте улици треба да заврши до крајот на оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст