| четврток, 6 декември 2018 |

Играорката од „Танец“ синоќа ја искасале пеперуги во Долни Сарај во Охрид, завршила на интерно одделение

Играорката добила алергиска реакција како последица на тоа што била искасана од пеперугите кои изминатата ноќ ги имаше низ цел Охрид, а на сцената на Долни Сарај, каде што се одвивал настанот, заради светлата и рефлекторите ги имаше во големи ројови, објави порталот „Охрид 1“.

Од интерното одделение при болницата за Охрид го потврдија настанот. Оттаму велат дека жената имала алергиска реакција, но било интервенирано и бил избегнат несакан исход.

Охрид минатата ноќ беше преполн со некој вид бели ноќни пеперуги кои досега не се забележани во толку големи роеви, а речиси сите улични светилки беа прекриени со пеперуги.

фото: Охрид 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top