| четврток, 6 декември 2018 |

Србија по примерот на Македонија, ќе дава пари за трето дете

деца
Идниот српски граѓански закон ќе ја обврза државата да поттикнува раѓање со месечна исплата за трето дете. Мајките ова право ќе го имаат до полнолетство на третото дете, а дали месечната сума ќе биде симболична или ќе биде некој вид плата за мајките, ќе решава Владата на Србија, која треба да основа демографски фонд.
Граѓанскиот закон пропишува таа сума да биде во склад со можностите на буџетот на Република Србија, пишува Политика.

Право на месечна надокнада ќе имаат и жените кои веќе имаат три деца, но ако третото дете не е полнолетно.

Право на парична надокнада ќе имаат сите кои имаат трето дете, без оглед дали децата се од еден или повеќе бракови, дали се родени во брак или вонбрачно, а се разгледува можноста ова право да биде признато и на самохраните татковци со три деца. Ова право ќе го имаат и мајките кои се запослени, но и оние кои не се во работен однос.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top