Џим Џонсон од „Бајк турс дајрект“ беше толку импресиониран од македонската култура и глетките во Македонија, што тој работеше со „Рајд Маседониа“, локален трговец, за да ја развие „Откриј ја Македонија“ (Discover Macedonia), деветдневна тура со умерено возење велосипед и пешачење.
Верзија од овој напис има во печатената верзија од „Њујорк тајмс“ на 5 јули со наслов: „Велосипедизам: Возење низ Македонија“.
Првата, сега веќе распродадена, почнува на 25 август, втората на 23 септември. Трошокот е 1.010 ЕУР по лице, околу 1.093 американски долари. „Бајк турс дајрект“ не работи со турите, туку застапува оператори во повеќе од 70 земји.
– Ние замислуваме толку многу традиции во Европа, поголем дел се исчезнати – вели Џонсон додавајќи дека „ако отидете во Македонија таму ќе видите села каде луѓето таму живеат со генерации“.
Најзначаен дел е Охрид, град под заштита на Унеско и една од европските најстари населби што датира од пред 5.000 години. Другите места вклучуваат национални паркови, подалечни села и Скопје, главниот град.
Џонсон ќе се приклучи на првата тура како патник.
– Бидејќи тоа е нова земја и сѐ уште мошне непозната, моето присуство таму ќе им даде мир на нашите клиенти. Но, и јас одвај чекам да одам – пишува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст