| четврток, 6 декември 2018 |

Промени што ќе ви се случат кога ќе престанете да јадете леб

Ова лето ви предлагаме да направите експеримент и да ги отстраните белите печива од исхраната.

За неколку недели ќе ги забележите овие три промени:

leb

1. Ќе изгубите неколку килограми предизвикани од таложење на вода

Лебот е преполн со јаглехидрати, а наглото исфрлање на истите од вашето тело ќе заврши со намалување на килограмите. Сепак, не се работи за инстант слабеење, туку за ослободување од вишокот вода насобрана во телото.

Секој грам јаглехидрати задржани во телото, се врзува со 3 до 4 пати повеќе вода од својата тежина.


2. Нема да бидете постојано гладни

Преработените јаглехидрати предизвикуваат раст на шеќерот во крвта, кој потоа многу брзо опаѓа. Овие промени може да испратат нејасни сигнали кои ќе ви го зголемат чувството на глад, заради што повторно се дебелеете.

Доволно е празните калории од белиот леб да ги замените со производи направени од цели житарки за да ја забележите промената.

3. Енергијата ќе ви се подигне, а системот за варење ќе се подобри

За разлика од интегралниот и црниот леб, белиот не содржи влакна кои се неопходни за нормална работа на цревата. Токму затоа, само ако го исфрлите белиот леб од исхраната, системот за варење ќе ви функционира нормално.

Исто така, јаглехидратите се храна за мозокот. Доколку тие се квалитетни, мозокот ќе работи многу побрзо, но ако истите се нездрави, телото ќе реагира негативно. Како последица на тоа се појавува чувството на замор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top