Руски воен авион падна за време на пробен лет, а во несреќата загинаа двајцата пилоти, соопшти руското министерство за одбрана.
Бомбардерот Су-24 паднал при полетување на аеродромот во регионот Кабаровск, на исток на Русија, се наведува во соопштението и се додава дека причината за несреќата уште не е позната.
Ова е петта несреќа на некој руски воен авион во последниот месец, но прва во која има жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.