Со финансиска поддршка од Министерството за култура, во тек е конзервацијата на бедемот на еден од најрепрезентативните археолошки локалитети во Македонија, Баргала кај Штип, соопшти министерството за култура.
Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип интензивно работат на конзервација на 210-метарскиот североисточен бедем на овој значаен археолошки локалитет кој датира од четвртиот до шестиот век. Според предвидениот план, во тек е конзервацијата на четвртата делница од бедемот со должина од 22 метра.
Минатата година заврши третата фаза од конзервацијата, а беа конзервирани и реставрирани неколку важни наоди, меѓу кои и печки за стакло и за метал. Со реализацијата на проектот за конзервација на североисточниот бедем, ќе се овозможи зголемена репрезентативност на локалитетот, како и поголема посетеност од страна на домашни и странски посетители.
Археолозите од штипскиот Музеј во моментов работат на други проекти, меѓу кои се и: истражување на објектот кој служел за верски обреди – екстрамурос, кој се наоѓа надвор од ѕидините на локалитетот Баргала; конзервација на 30 икони од црквата „Усление на Пресвета Богородица“ каде што ќе се етаблира нова галериска поставка на икони, како и издавање на повеќе публикации од етнологија, историја и историја на уметноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст