Македонскиот претседател Ѓорге Иванов одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашниот референдум во Грција на прес-конференција во Загреб рече дека очекува состојбата во Грција да се стабилизира, затоа што сите земји во регионот се меѓусебно поврзани и тие состојбите влијаат од една во друга земја.
– Посакуваме да се најде решение и конечно грчкиот народ да поче да живее нормален живот, истакна Иванов.
Народната банка на РМ, како што посочи, е подготвена и ги има сите можни сценарија како да се справи со предизвиците од последните случувања во Грција. – Веќе дел од тие мерки се преземени и не постои никаква опасност да бидат загрозени банките во Македонија, кои се заштитени, додаде тој.
Хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ изрази стравување дека состојбата во Грција дополнително ќе влијае врз расположението на европските граѓани и на проширувањето.
– Затоа е клучно да се инсистира процесот да продолжи на политичко ниво, на ниво на државници, на ниво на Европската комисија. Не смееме да дозволиме ерозија на европските идеи на отвореноста на слободен пазар затоа што постојат проблеми во поедини делови на Европа, рече Грабар Китаровиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст