| четврток, 6 декември 2018 |

И Самарас поднесе оставка

andonis samaras
Поранешниот премиер Андонис Самарас, кој 25 години егзистира во различни партии и улоги на грчката политичка сцена, оставката ја поднесе под притисок на неговите сопартијци, а по двата тешки порази од СИРИЗА, изборите во јануари и неделниот референдум, на кој Самарас агитираше за прифаќање на условите од кредиторите.

„Сфаќам дека нашата партија има потреба од нов почеток. Денеска поднесувам оставка од раководството на Нова демократија. Нѐ предупредуваа дека интенциите на некои во Грција се да се напушти еврозоната. Ги повикувам партнерите во еврозоната да помогнат Грција да го задржи еврото. Сѐ друго би било историска грешка за Европа. Сега е потребен договор – изјави Самарас во телевизиското обраќање.

Еден од иницијаторите за оставката на Самарас била поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, која уште синоќа телефонски побарала оставка од лидерот на партијата. Инаку оставката од Самарас официјално ја побара претседателот на партискиот подмладок Сакис Јоанидис. Опозициската партија во меѓувреме ќе ја води Вангелис Меимаракис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top