| четврток, 6 декември 2018 |

Фатен 81-годишен педофил во Гевгелија

СВР-Струмица, Надворешна канцеларија за криминалистички работи-Гевгелија, до ОЈО-Велес поднесе кривична пријава, против Д.Ш (81) поради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело полов напад врз дете.

Пријавениот на 2 јули во периодот од 16,00 до 17,30 часот, на нива во атарот на с.Стојаково, кај местото викано Голиот рид извршил блудни дејствија врз петгодишно дете.

Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Велес, на пријавениот му е одредена мерки притвор во траење од 30 дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top