| четврток, 6 декември 2018 |

Ја злоупотреби ли Гошев позицијата гувернер – за 5.000 евра купил земјиште вредно 630 000 евра?!

Petar-Gosev

Зборува за финансии, дели лекции, обвинува. Ексгувернерот Петар Гошев периодов не се симнува од медиумите. Неговата задача е да ја врши валканата квази-експертска функција во редовите на опозицијата. А зошто го прави тоа?! Се коментира дека дојде времето кога Гошев треба да одработи за скапиот плац кој го стекна во време на владеењето на СДСМ речиси за џабе.

Според економските аналитичари Петар Гошев е еден од најнеуспешните гувернери на НБРМ. Во негово време се случи рекордната стапка на невработеност и исклучително нискиот економски раст на државата во време кога сите земји бележеа раст. Но, нешто по кое ќе остане запомнат Петар Гошев е тоа што по багателна цена во октомври 2005 година стекна исклучително вреден имот. Постоеја основани сомненија дека Гошев ја искористил својата позиција и ја злоупотребил за да се стекне со имот кој реално вреди над 630.000 евра, а притоа го платил за само 5000 евра.
gosev3

Имено како што пишуваше весникот Време на 28.11.2007 година, Петар Гошев, тогашен гувернер на Народна банка на Македонија, купил атрактивно земјиште во Гевгелија, во близина на граничниот премин „Богородица“ од лице на чија фирма претходно „Македонска банка“, по предлог на директорите на банката, порано вработени во НБМ, му отпишала долг за ненаплатен кредит од 250.000 илјади евра.
gosev2

Станува збор за фирмата „3М“ од Гевгелија, сопственост на Маринчо Карабаков, која била задолжена во „Македонска банка“ за 350 илјади евра. Долгот се зголемувал поради затезни камати од невраќањето на кредит од 200.000 евра, што во 1996 година „3М“ го добил преку програмата на Европската банка за развој. Целата работа ја завршиле тогашните директори на банката Спасе Лазаревски и Никола Кацарски. Лазаревски и пред ова бил вработен во НБМ, а денес е советник на гувернерот. Обајцата на Управниот одбор на „Македонска банка“ во август 2004 предложиле долгот од 250.000 евра на „3М‘ да се избрише, а фирмата да врати само 100.000 евра. Долгот во март 2005 година е отпишан, а во октомври истата година Карабаков на Гошев му продал атрактивно земјиште од 9.111 метри квадратни за цена од само 5.000 евра. Земјиштето се наоѓа покрај автопатот во близина на граничниот премин „Богородица“.

gosev 1

Според документите на кои се повикуваше весникот „Време“, Гошев земјиштето го купил за помалку од едно евро за квадратен метар кога неговата пазарната вредност изнесувала 10 до 15 евра за квадратен метар.

Гувернерот Гошев тогаш изјавуваше дека не знаел ништо за случајот. – Од каде јас да знам дали и зошто банката отпишувала долгови. Тоа си е работа на Управниот одбор, а не моја – изјави тој.

gosev

Земјиштето што го купил Гошев од Карабаков е ексклузивно бидејќи се наоѓа близу границата со Грција, а за него веќе биле заинтересирани повеќе бизнисмени за изградба на комплекс казина. Во моментов за атрактивната локација биле заинтересирани сопственици на познато гевгелиско казино. Од нив, како што дознаваме, Гошев барал 70 евра за метар квадратен. Или – 630 илјади евра. Плацот на Гошев е единствен приватен во околината, а сите останати парцели се во државна сопственост. Станува збор за парцелите под катастарски број 553/1, 555, 556 и 557, кои според регистрираното движење на имотот во катастарот му припаѓале на Димче Каракабаков, татко на бизнисменот Маринчо кој му го продал земјиштето на првиот човек на НБМ.
gosev iz

Петар Гошев до ден денес не објасни како е возможно да се купи толку атрактивно земјиште за толку евтина цена и тоа во време кога се врши така моќна функција.

gosev4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top