Следниот неработен ден за сите граѓани на Македонија ќе биде 17 јули – петок. Новиот продолжен викенд го добиваме поради прославата на Рамазан-бајрам, кој всушност е национален празник.
Еве кои се неработните денови до крајот на годинава:
• 17 јули (петок), Рамазан-бајрам, првиот ден на Рамазан-бајрам
• 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден
• 08 септември (вторник), Ден на независноста
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден
• 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба
• 08 декември (вторник), Св. Климент Охридски
За граѓаните од православна вероисповед
• 28 август (петок), Успение на пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
• 01 ноември (недела), Празникот на сите светци
• 25 декември (петок), Првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 24 септември (четврток), Курбан-бајрам, првиот ден на Курбан-бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 23 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст