Горазд Чепишевски помести уште една граница во македонското пливање и вторпат на Универзитетските игри во Гвангжу постави рекорд .
По рекордното време на 100 метри грбно, Чепишевски денеска за првпат во кариерата ја мина делницата на 50 метри грбно за помалку од 28 секунди. Со резултат 27,99 Горазд го поправи македонскиот рекорд и во оваа дисциплина, а има шанса за хет-трик во Кина, бидејќи му останува и трката на 200 метри грбно на 8. јули. Следниот ден ќе настапи и Мартин Стефановски на 50 метри слободен стил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.