Уште една изјава од прирачникот „Како да бидеш хипишизик метафизик“ неодамна во Охрид употреби предводникот на македонската опозиција, Зоран Заев.
Тој за време на одржувањето на Младинскиот работен семинар на СДСМ во Охрид изјави (дословно): „За некои црвени линии не може да има отстапки, бидејќи аргументите се на наша страна“. И бидејќи се знае за кои црвени линии Заев одамна најавил отстапки (како прашањето за името, на пример) се отвора дилемата дали за некои црвени линии кои може да станат и зелени, аргументите не се на страна на носителите на вистината во Македонија?
Лидерот Заев уште и додаде дека „крајот на Груевски е дојден и прашање на модалитети е неговото заминување“, што нашите редакциски врачови го преведуваат како обид со меко сунѓерче да ја забрише пената од уста дека не седнува во иста влада со Груевски и со зелена линија да ги заокружи црвените столчиња на СДСМ во преодната влада и администрација, истата која го поседува судот на кој тој не му верува.
Прашање на модалитети останува само како пред своите верни идолопоклоници од кампот на слободата ќе се обиде новиот пораз на тестот на цврстина на ставови да го претвори во победа. Иако, велат дека човек кога еднаш ќе почне со делкање и бришење на линиите, лесно се навикнува на тоа.
Кромиди Запад
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст