Проектот за отпис на долгови е во длабока фаза и веќе се отпишани долгови на 13.100 баратели во вредност од 25 милиони евра.
Дополнителни 1.500 барања се во процес на разработка и се надеваме дека за кратко време и тие ќе бидат прифатени со што ќе станат приближно 15.000 барања до завршувањето на овој процес, изјави премиерот Никола Груевски.
– Процесот успешно се одвива, 25 милиони евра да им се опростат на луѓе од ранливи категории коишто имаат сериозни тешкотии да си ги платат долговите е навистина сериозна помош за тие луѓе и за тие семејства. Од тој аспект она што го ветивме на изборите минатата година можам да кажам дека веќе 90 отсто е реализирано, а останатите 10 отсто ќе бидат реализирани во наредните недели и месеци, рече Груевски во изјава за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст