На браќата Здравко и Зоран Мамиќ им е одреден притвор во истражниот затвор во траење од 30 дена.
Причина е можното влијание врз сведоците и можност за бегство. Браќата Мамиќ понудиле кауција, но ниту таа не била прифатена.
Двајцата браќа во саботата биле стопирани на граничниот премин по враќањето од Словенија и биле приведени од страна на хрватската полиција. Обвинителството побара и апсење на извршниот директор на Хрватскиот фудбалски сојуз Дамир Врбановиќ, кој околу 11 часа бил на распит. По сослушувањето, и нему му бил одреден притвор од 30 дена.
Уапсените се теретат дека го оштетиле Динамо за најмалку 117,8 милиони куни, односно Хрватска за 12,3 милиони куни поради неплатени даноци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст