| четврток, 6 декември 2018 |

Едно лице загина во експлозија на фабрика за оружје во Црна Гора

црна гораЕдно лице загина, седум се повредени во експлозија во фабрика за оружје Тара во градот Мојковац, Црна Гора, пренесе АФП, повикувајќи се на информации од црногорската полиција.
Повредените се сместени во Бело Поле и според локалните медиуми нема опасност за нивните животи.
Инцидентот во фабриката, сопственост на швајцарски бизнисмен, е трет од почетокот на 2014 година. При двете претходни експлозии беа сериозно повредени седум лица.
Фабриката произведува пушки и снајпери за полициските и воените сили на земјите од Европската унија, САД, Канада и Балканот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top