| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнато семејството на Меси

mesi-brat-500
Навивачите на Чиле го нападнале семејството на најдобриот фудбалер на Аргентина. Чиле славеше против Аргентина на Копa Америка со 4:1 на пенали, но во текот на мечот се случил инцидент кога семејството на Лионел Меси било нападнато на стадионот, јавуваат тамошните медиуми.

Инцидентот се случил пред крајот на првиот дел кога фановите на Чиле почнале да го навредуваат семејството на фудбалерот на Барселона.

Непознат навивач го удрил братот на Меси, по што од безбедносни причини неговото семејство било префрлено во телевизиската кабина.

Покрај семејството на Меси, нападнато било и семејството на Серхио Агуеро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top