| четврток, 6 декември 2018 |

Интер тргнува со распродажба на играчи

inter-500
Откако италијанскиот тим се засили со Муриљо, Миранда, Кондогбија и Монтоја, а најавени се уште неколку нови имиња, следува распродажба и растеретување на буџетот.
Според италијанскиот угледен весник „Газета дело Спорт“ Роберто Манчини за новата сезона ги пречкртал Немања Видиќ, потоа Жуан Жесус, Давиде Сантон, Јуто Нагатомо и зимското засилување од Баерн Минхен Џердан Шаќири.

Пред неколку дена Интер објави дека продале двајца фудбалери. Жоел Оби кариерата ќе ја продолжи во Торино, додека Здравко Кузмановиќ се пресели во Базел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top