
Референдумот на Грците има ја дава можноста да си го кажат своето мислење за „ултиматумот“ за штедење, што им е ставен од другите земји во 19-члената еврозона, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, откако пред малку гласаше на референдумот, пренесе БТА.
Варуфакис изјави дека „сериозните грешки“ на еврозоната довеле до барањата за ново штедење, за кое Грците денеска треба да се изјаснат.
-Денешнито гласање и дава надеж на Европа дека заедничката валута и демократијата можат опстојуваат истовремено, рече Варуфакис, откако гласаше заедно со својот 90-годишен татко Јоргос, во атинскиот кварт Фалиро.
Во интервју за германскиот весник „Билд“, Варуфакис уште еднаш повтори дека ќе поднесе оставка доколку Грците гласаат „за“ условите на кредиторите на денешниот референдум, пренесоа британските меидуми.
На прашањето дали навистина ќе поднесе оставка ако граѓаните кажат „да“, Варуфакис одговори „безусловно“, но додаде дека верува оти мнозинството нема да гласа со „да“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


