Полициски службеник бил физички нападнат од двајца скопјани вчера пред објектот на аеродромот „Александар Велики“-Скопје.
Како што денеска соопшти МВР, на 04.07.2015 година околу 05.45 часот пред објектот на аеродром „Александар Велики“ – Скопје, полициски службеник бил физички нападнат од М.М.(23) и неговиот 15 годишен брат, двајцата од Скопје, при што го удриле со тупаници и клоци во пределот на телото.
Од страна на полициски службеници од ПС за ГП„Аеродром Александар Велики“, М.М. и малолетникот биле приведени во полициска станица и во присуство на нивниот татко А.М.(51), е извршен разговор со истите.
На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош од страна на медицински лица во ТАВ.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


