| четврток, 6 декември 2018 |

Во серија бомбашки напади во Ирак загинаа најмалку 19 лица

irak

Во серија бомбашки напади во Ирак вчера погинаа најмалку 19 лица, а повеќе десетици се повредени, соопштија синоќа ирачките власти. Полициски претставници наведуваат дека најсмртоносниот напад бил изведен во една многу фрекфентна улица во западниот дел на Багдад каде во експлозија на автомобил-бомба погинаа девет и ранети се 24 лица. Во нападот оштетени се мноштво од околните продавници и автомобили, пренесеТанјуг. Претходно, во текот на денот, полицијата соопшти дека во експлозија на автомобил во близина на автобуска станица во јужниот дел на градот настрадале три лица, а ранети се уште 15 . До уште една експлозија на автомобил-бомба дојде и во близина на ресторан во шиитскиот град Балад Рузу, на 70 километри североисточно од Багдад, каде погинале четири, а ранети се 14 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top