Многу жени во денешно време се повеќе го пријавуваат семејното насилство или општо насилството од личностите на посилниот пол кои никако не ја докажуваат нивната сила со тоа што удираат жена, напротив покажуваат слабост.
Ова е отворено писмо од девојката која била малтретирана физички од страна на своето момче, секој ден, прочитајте што има да му каже:
„Здраво моја бивша понежна половино,
Се чудиш што те нарекувам вака? Не чуди се бидејќи ти доликува, би те нарекла со некој друг полош епитет, но сепак сакам да останам културна за разлика од тебе во моментите на афект кога ме удираше без престан нарекувајќи ме ороспија без причина.
Не ти замерувам знаеш, можеби требало така да се случи, можеби требало да запознаам некој како тебе за да ги разликувам добрите од тебе, ти си лош.
Главен проблем ти беше мојот црвен кармин, краткото здолниште, деколтето или пак случајниот поглед во келнерот од кафулето, да не споменувам за моите бивши кои ти одеа на нерви знаејќи дека имале секс со мене пред да бидеме јас и ти заедно.
Нормално дека ќе имаме секс, во врска сме биле, но ти не можеше да го разбереш тоа. Секое твое присетување на нивниот допир на моја кожа резултираше со шамар или тупаница брз причина.
Тоа е болест…
Ти беше болен, но лекот не бев јас за твојата состојба од која сакав да се извлечеш само мртов, признавам имаше моменти кога сакав да те елиминирам на тивок начин, но сепак се плашев, што ако отидам во затвор заради тебе, не вредиш, не сакав да те преценам толку многу.
Цената ти беше ниска како и секогаш, а јас не сакав мојата да ја снижам на ниво со твојата.
Сфатив дека сум попаметна од тоа, попаметна од тебе и можам да те тргнам од себе не со моите раце зад решетки, туку твоите кои секогаш ќе ги паметам, наместо да ме погалат, тие ме удираа како да сум им крвен непријател.
Но, простено ти е се, бидејќи сакам да си простам себе си што сум дозволила да останам покрај тебе од страв, ги мразев тие жени кои трпеа насилство од нивните сопрузи, момчиња, но ете истото ми се случи и мене.
Уште нешто имам да ти кажам, вистински маж на жена не крева рака…
…а кога ти веќе си кренал рака на мене значи не си вистински маж, зарем можеш да се наречеш себеси маж?
Зарем можеш?
Запрашај се, одговори си на прашањето и заспиј мирно на перница, секако ако совеста ти дозволи и твоите шлаканици како бумеранг не се враќаат на твоето лице и те удираат во ноќните часови.
Биди поздравен!”
(Црно бело)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст